За првпат еден премиер во Македонија и даде отворена поддршка на ЛГБТ заедницата. Премиерот Зоран Заев присуствуваше на прославата на петгодишнината од формирањето на ЛГБТ центарот.

Тој ја уплати и првата донација за Сигурната куќа за заштита и згрижување на лицата на кои им е потребна помош, а останале без работа или дом поради својата сексуална ориентација.

-Демократијата не се стекнува преку ноќ, ниту пак е нешто дадено еднаш засекогаш. Ја развивавме секој ден, со тоа што се развиваме пред сѐ самите себеси, низ надминувањето на наметнати или наследени предрасуди и стигми, испречени како предизвици за да извлечеме поука, што е најдобро. Како и да е, еден од темелите на демократијата е почитувањето на човековите права и Владата ќе направи сѐ за да ја овозможи оваа уставна придобивка на секој граѓанин во Република Македонија, рече премерот Заев и вети нов Закон за заштита од дискриминација, изнесување пред лицето на правдата на виновниците за инцидентите и нападот на центарот.