Преминот Евзони на грчко-македонска граница се уште блокиран

Една седмица граничниот премин Богородица на македонско-грчката граница е затворен за сообраќај, заради блокада на Евзони од грчките земјоделци кои своите трактори ги поставија на сообраќајниците во двете насоки. Колоните камиони од македонска страна кај Богородица се префрлија на Дојран и сега таму има поголема фреквенција од товарни возила.

Доколку имате намера да одите во соседна Грција, треба да се упатите или кон Дојран или кон Битола на граничниот премин Меџитлија.

Грчите земјоделци незадоволни од новите даноци и социјална политика, минатата недела  ги поставија своите трактори на сообраќајните ленти во двете насоки на граничниот премин Евзони , и покрај апелите, не одговорија позитивно да ги тргнат од таму.

Нема информација до кога ќе трае блокадата, а грчката влада засега не покажува волја за преговори со земјоделците.

Но,  на грчка страна  се заглавени голем број товарни возила, кои поради застојот трпат огромни штети.   Околу 50 товарни возила кои ја поминале македонската граница и веќе неколку дена чекаат влез во Грција, се заглавени на граничниот меѓупростор.

Сега, заради зголемената фрекфенција на граничниот премин Дојран задржувањата за влез во Грција траат од половина до еден час, додека од грчка страна колоните се многу подолги и за влез во нашата држава вчера се чекаше подолго.

 

АКО.мк