Преслатките Божикни кекси Рудолф ќе ве воодушеват со изгледот и вкусот

 

 

 Симпатичниот соб (вид ирвас) Рудолф е член на веселата дружина на Дедо Мраз, кој со својот  црвен нос го осветлува патот.

Овие кекси се задолжителен дел и декор од секоја празнична трпеза во земјите од Европа, па зошто да не ги подготвите и Вие?

Едноставни се , убави и вкусни.

Еве го рецептот:

 

 Сoстојки:

смеса за кекси

225 гр путер
100 гр шеќер
1
лажица ванилин шеќер
1 јајце
260 гр  меко брашно
30 гр какао во прав
сол на врв на прстите

Декорација:

200 гр млечно чоколадо
50 гр
чоколадо за готвење
M&M
бомбони за нос
шарени декоративни трошки

очите на ирвасот може да ги декорирате со чоколадни топчиња

 

Подготовка:

Се мати путерот за да добие пенеста форма, заедно со ванилиниот шеќер и со јајцето. Додадете брашно, какао во прав и сол, па со спиралните делови  за миксирање измешајте го тестото да добие единствена форма.Тестото замотајте го во проѕирна фолија и оставете го два часа во замрзнувач.

Вака изладеното и стврднато  тесто развлечете го со сукало да добие   дебелина од  0,5 cm, а потоа сечете го тестото со посакуваниот облик. Најдобро е ако имате модлица, ако не потрудете се самите да направите модел по кој ќе го сечете.

Кексите ставете ги во тавче за печење покриено со хартија за печење и печете го 8 минути на температура од 180°C. Пред да ги декодирате кексите оставете ги на собна температура да се изладат.

Подготви: Ангела Лазаревска