Пресуда за грабежот на 3 милиони евра од НЛБ банка

Денеска кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1,  треба да  изрече пресудата за најголемиот грабеж во историјата на Македонија, 3 милиони евра од НЛБ, Тутунска банка во Скопје.

Првообвинетиот за грабежот во НЛБ банка, трезорскиот работник Бобан Смилевски,  во завршните зборови ја призна вината и рече дека парите ги украл затоа што бил во долгови, а тој и семејството биле под постојани закани.

 „Бев во долгови и во последните два месеци бев под закани јас и семејството. Губењето самоконтрола ме доведе до ова. За себе можам да кажам дека сум бил пример во приватниот живот, општеството, а до кражбата за себе можам да кажам дека не сум бил криминалец, ниту имам криминален ум. Еднаш во животот сум згрешил и по настанот сам се  пријавив кај директор.  Второ и третообвинетиот ненамерно ги  вмешав, за себе ги барам и нивните казни.“, рече Смилевски.

Првообвинетиот за кражбата во НЛБ банка, Бобан Смилевски и се извини на сопругата што ја остава со 2 малолетни близначиња, му се извини на внукот што го остава без татко и на неговите родители за нанесениот срам стрес и шок.

Смилевски исто така се извини и на НЛБ банка за грабежот, но не кажа каде се парите.

Обвинителство побара 10 години затвор за обвинетите.