Претседателот на Комора на извршители Зоран Петревски си поднесе оставка

Претседателот на Комората на извршители на Република Македонија,  Зоран Петрески, минатата седмица си поднел оставка од функцијата .

Петрески вели дека оставка  ја поднел  од лични причини, но исто така наведува дека на Комората и е потребно ново раководство кое ќе ја води во претстојниот период во кој се најавени измени на Законот за извршување.

Неофицијално СУДСТВО.МК дознава дека меѓу извршителите постоело незадоволство и веќе почнале да се собираат потписи за негова смена, но Петрески да го пресретне неговото разрешување решил самиот да се повлече.

Турбуленциите во Комората следуваат по најавата за нови измени во Законот за извршување со кој треба да има нови корекции на тарифата за награда и надоместок на извршителите, како и да се редефинира постапката за вонсудска наплата на долгови која иако е ставена на хартија од почетокот на годинава, до сега  воопшто не заживеа во пракса.

На Собрание на Комората треба да биде избран новиот претседател од кандидатите кои ќе се пријават за оваа функција.

Инаку, Зоран Петрески е поранешен пратеник на ВМРО ДПМНЕ.

Судство.мк