Признавање вина за условна казна

Втора условна казна по признавање вина за случај на СЈО. Томислав Лазаров од ВМРО ДПМНЕ, поранешен советник во општина Центар, по покајувањето и признавање вина за нарачаните шлаканици од Груевски за Жерновски или ,,Насилство во Центар“ е казнет условно на шестмесечна казна затвор која ќе се изврши ако во рок од две години стори кривично дело.

Лазаров пред Судот уште еднаш изрази каење и вети дека нема да стори друго кривично дело, а се откажа и од правото на жалба за висината на казната. Тој рече дека за признанието немал никакви притисоци, ниту од Специјалното јавно обвинителство, ниту од полицијата.