Принцот Вилијам и Кејт очекуваат трето дете

“Војводата и војвотката од Кембриџ се пресреќни што можат да соопштат дека војвоткињата очекува трето дете” – објави агенцијата Ројтерс.

Среќната вест ја потврдија од Кенсингтонската палата и преку официјално соопштение на Тњиттер.

Како и во претходните две бремености, така и во оваа, 35-годишната војвотка страда од акутни утрински мачнини, па нејзината состојба е внимателно следена од доктори во Кенсингтонската палата.

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон стапија во брак на 29 април 2011 година. Нивното синче Џорџ се роди во јули 2013 година, додека малата ќеркичка Шарлот дојде на овој свет во мај 2015 година.