Припадничка на Исламска држава од Куманово убиена во Сирија

 Во Сирија е убиена кумановка, припадничка на групата Исламска држава. Веста ја потврдиле блиски роднини.

– Кумановката пред четири години заминала од дома, а подоцна се дознало дека таа се наоѓа во Сирија, во редовите на војската на ИД, пишува порталот Реалитети.

Досега, на боиштата во Сирија и Ирак убени се најмалку 15 лица од Македонија.

Инаку, во изминатите два дена косовските медиуми јавија дека во Сирија се убиени и двајца Косовци, припадници на ИД, со што бројот на косовските државјани што ги загубија животите на боиштата на Блискиот Исток се искачи на 76 .(МИА)