Прифатени жалбите на ЈО за домашниот притвор и осомничените се носат во затвор

Кривичен совет ги прифатил жалбите на Јавно обвинителство за домашниот притвор на шестмината обвинети за случајот со настаните на 27 април во Собрание.

Според одредени медиуми, информацијата е неофицијална, но добиле потврда дека дел од обвинетите  вечерва повторно се апсат.

Дел од оние шестмина кои добија домашен притвор, полиција вечерва со лисици на раце ги изнела од нивните домови и ги носи во притвор во истражниот затвор Скопје.

М.П. од Кавадарци и  Е.Д.Б. на која и беше одреден куќен притвор, вечерва се приведени од полицијата.

Според непотврдени информации приведени се и останатите обвинети кои добија домашен притвор. Во куќен притвор беа С.М., Г.Ѓ., М.П., Е.Д.Б., Б.Д., и  В.Ј.