Продолжи расправата за ребалансот на буџетот(видео)

,,ВМРО ДПМНЕ 11 години тајно и нетранспарентно ги задолжуваше граѓаните, а парите од скапите задолжувања ги трошеше за лускузирање и криминално богатење на поединци.

За разлика од расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, новата Влада предводена од СДСМ преку ребалансот ги крати непродуктивните трошења и парите ги враќа назад кај граѓаните.

Преку домаќинско и одговорно работење, Владата предводена од СДСМ за неполни два месеци за околу 55 милиони евра го намали долгот што ВМРО-ДПМНЕ им го остави на граѓаните-велат од СДСМ.

Пратеникот Васко Ковачевски во Комисија за финансирање и буџет рече дека со ребалансот се кратат непродуктивните трошоци, а парите се враќаат кај граѓаните. Тој рече дека буџетот за 2017 година е донесен од претходната Влада предводена од ВМРО ДПМНЕ,но со ребалансот ќе се создадат услови да се истера до крај фискалната година без поголеми проблеми.

Од друга страна опозициската ВМРО ДПМНЕ тврди дека секој ден, до крајот на годината, граѓаните на Република Македонија кога ќе се разбудат државата ќе биде задолжена за нови 1,2 милиони евра повеќе од планираното.

Антиреформската влада на СДСМ со предложениот ребаланс на буџетот го зголемува задолжувањето на Македонија.

СДСМ, Драган Тевдовски и Зоран Заев со месеци наназад зборуваа за нивната загриженост дека Македонија е презадолжена, а сега откако дојдоа на власт предлагаат ребаланс на Буџет во кој предвидуваат поголемо задолжување на државата до крајот на годината за 150 милиони евра.

Уште во првиот месец откако дојдоа на власт ја задолжија државата со 60 милиони евра-критикува ВМРО ДПМНЕ.