Продолжува узурпацијата и самоволието во ГТЦ под раководство на членови на семејството на Амди Бајрам

,,Во ГТЦ постои правило доколку се интервенира во некој објект треба да се добие согласност од управата за да може да се извршат извесни зафати во локалите.

Пред неколку месеци тоа беше грубо нарушено бидејќи имаше проширување на локалите на диво,на ШАНТЕЛ И ТВИСТЕР ГТЦ 1 КАТ,а деновиве повторно се вршат некои активности внатре за кои ние мораме да мижиме бидејќи тие се заштитени од зетот на Амди, Фариз кој командува со обезбедувањето.

Имено, се покрива узурпираниот заеднички простор со плочки за кои по правилото на служба треба да се добие согласност од управата,значи безобразлукот е до толку поголем што ова се прави и покрај тоа што се знае дека ќе дојде до промена на раководството,значи криминалот продолжува на очиглед на другите сопственици кои не можат ни да кречат без соглансност на ГТЦ.

Да не испадне после дека учествувале сите од обезбедувањето кога се знае тој ден кој и како бил на работа“-пишува во анонимното писмо на вработени во АД ГТЦ.

ГТЦ повеќе години се наоѓа во рацете на членови на семејството на Амди Бајрам. Последен пат нивната функција е обновено пред две години, во 2015, кога Аго Абазовски , беше избран за директор , заедно со Тони Костов и Ненад Јосифовиќ. Откако тој управува со ГТЦ, најстариот трговски центар на Балканот, пропаѓа, а дуќаните секојдневно се затвораат заради високите кирии и узурпаторскиот однос на Абазовски и неговото семејство. Сопствениците и закупувачите на простор, многупати реагирале и искажувале незадоволство дека намерно се уништува ГТЦ, но никогаш не е преземено ништо тоа да се спречи или пак Абазовски да се повика на одговорност и да се разреши.

Владејачката гарнитура предводена од ВМРО ДПМНЕ агресивно настојуваше да го облече ГТЦ во стиропорски барок, но отпорот на граѓаните и архитектите беше огромен.

Конечно , Уставен суд ја прогласи за неуставна законската категорија донесена од страна на ВМРО ДПМНЕ, дека државата може да интервенира и одлучува за изгледот на веќе изградените објекти.

ГТЦ е спасен, спасен е неговиот уникатен и оригинален изглед, но сега  треба и да се истражи работењето на директорот Ако Абазовски.

Изминатите години имаше неброени реакции од вработени во ГТЦ, но и од сопствениците на дуќаните.

ГТЦ во моментот нема ниту официјална интернет страница, а претходно таа со години не се ажурираше.

Невозможно е д се добие било каков став или информација од раководството за состојбата во ГТЦ.

АКО.мк