Продолжува штрајкот на железничарите

Возовите и денеска ќе останат на пероните. Железничкиот сообраќај во Македонија е во застој заради штрајкот  во Македонски железници и МЖ Инфрастрауктура.

Вработените немаат земено плата и одбиваат да работат се  додека не им се исплатат. Од централата на МЖ информираат дека денеска ќе разговараат со претставници на синдикатот за динамиката на исплата на двете заостанати плати, но синдикалците одговараат дека нема да почнат со работа се до исплаќање на последниот денар од нивните лични доходи.

Во штрајк се околу 2600 работници.