Во киното Фросина во Скопје, беше промовиран документарниот филм на авторката Марија Ди Биаџио Митевска, која потекнува од Крива Паланка, но е граѓанин на светот, бидејќи целиот свој живот го поминува во постојано движење, патување и во последните години најмногу на релација Скопје-Њујорк.

Филмот е снимен во Македонија, а идејата е на Марија, која со велосипед ја поминува татковината, наместа трчајќи, во желба да го промовира женскиот спорт , истрајноста и убавините на својата земја.

Нејзина инспирација , како што рече, е нејзината мајка.