Пропадна тендерот на ЕЛЕМ, ,,Фероинвест“ на Анѓушев се жали дека претрпеле штета заради дезинформации

АД ЕЛЕМ наверојатно ќе го поништи тендерот за набавка на гумени ленти за транспорт. Заедно, во  конзорциум со турска фирма учествуваше компанијата на вицепремиерот Анѓушев-Феронивест.

Според официјалното соопштение од ЕЛЕМ денешната аукција завршила делумно успешно, бидејќи за 4 од вкупно пет лота е понудена цена повисока од планираната. Прифатена е понудата само за еден лот , која што е дадена од српската фирма Репро-Опрема.

„Комисијата за јавни набавки на АД ЕЛЕМ ќе ја утврди фактичката состојба и во текот на следната недела ќе се изјасни за следните чекори. Една од законските можности е да се прифати понудата која е прифатлива за компанијата, а за другите четири да се поништи тендерот и да се распише нов.“

Од Фероинвест по завршувањето на аукцијата, тврдат дека компанијата не го добила тендерот, а изнесените дезинформации во јавноста лошо влијаеле на фирмата.

„Изминатите неколку денови како компанија бевме во центарот на интерес на медиумите и беа изнесени низа обвинувања дека е добиен тендерот од ЕЛЕМ, без притоа никој да се обрати директно во компанијата од каде јасно кажавме дека ќе следи јавно наддавање. Пласираните информацдии дека наводно сме добиле тендер предизвикаа големи проблеми на компанијата и на нејзините странски партнери„-се вели во реакцијата на Фероинвест.