Протести во Истанбул поради апсење на опозиционери

Турската полиција употребила воден топ и солзавец против демонстрантите во Истанбул.

Солзавецот и водените топови се употребени во моментот кога демонстрантите се одлучиле да тргнат кон седиштето на новинската куќа „Џумхуриет“, чии вработени биле претходно уапсени.

Протестите се организирани во центарот на Истанбул само неколку часови откако турските власти уапсиле девет лица кои работеле за опозицискиот весник „Џумхуриет“.