Протест против труење, убиство и насилство врз кучињата

Во организација на граѓанското здружение за заштита на животните Анима Мунди, денеска со почетокот во 12 и 30 часот на плоштад ,,Македонија“ ќе се одржи протест заради секојдневните егзекуции  на бездомните животни. Имено, откако пред извесно време во едно село кучиња нападнаа 4 годишно дете , по што тоа почина, низ повеќе градови и места во државата почна масовно труење и мачење на бездомните животни. Од расфрланите отрови настрадаа и домашни миленици.

Анима Мунди и другите здруженија и љубители на животните апелираат да престане убивањето на најдобриот пријател на човекот, бидејќи со расфрлањето отров се доведува во прашање и животот на луѓето, посебно на децата. Исто така, кучињата во принцип се грижа на човекот или на заедницата, па нивното однесување во голема мера зависи од човекот и неговите решенија .

Анима Мунди БАРА:
– Масовна стерилизација, а не масовна елиминација на животните;
– Забрана на слободната продажба на отрови;
– Полиција за животни под итно;
– За насилниците казна затвор!
Недела:12:30 ПРОТЕСТ!
Плоштад Македонија