Путин ќе се кандидира на претседателските избори во 2018 година

Рускиот претседател  Владимир Путин, официјално ја објави својата кандидатура на следните претседателски избори, кои треба да се одржат идната година.

,,Ќе се кандидирам за местото Претседател на Руска Федерација“-рече Путин во обраќањето пред работниците на фабриката за автомобили во Нижњи Новогрод.

Путин е на власт во Русија од 2000 година, досега има три претседателски и еден премиерски мандат.