Раде Шербеџија во немилост на хрватските националисти

 

Неколку денови трајат нападите и хајката против хрватскиот глумец Раде Шербеџија, кој на белградскиот Саем на книга на промоцијата на својата книга изјави:

– ,,Битанги, ето што сe тиe тие што официјално го раскараа народот. Од тие битанги Југославија не можеше да се спаси.Не е важно кој повеќе страдаше, чии жртви се најбројни, бидејќи не смеевме да дозволиме ниту еден чесен човек да изгуби живот. Неправедното одземање туѓ живот е вселенска катастрофа. Не можевме да се цивилизираме и да ја надминеме таа катастрофа,,.

Откако неколку хрватски портали ја презедоа оваа вест, јавноста се вознемири, пишува РТС, а реагирало дури и Хрватското министерство на бранители. Тие побарале од Министерство за внатрешни работи забрана за работа и делување на хрватска територија за Шербеџија на 5 години. Како што навеле во дописот, заради грубо срамотење на нивните генерали и војна за одбрана на татковината.

Раде Шербеџија го анагажиарал адвокатаот Чедо Продановиќ кој побара извинување од министерот на бранителите Томо Медвед.

 

Продановиќ во дописот до него тврди дека настапот на Шербеџија е пацифистички, а не омаловажувачки.

Сега, јавно го нападна и познат хрватски бизнисмен Јосип Радељак, кој го повика јавно да каже кој е агресор изрекувајќи грст навреди кон Шербеџија , кој одбил да даде одговор во една емисија кој е агресор, а кој жртва во граѓанската војна на просторите на бивша Југославија.