Разрешениот директор на Службен весник Кржаловски ја критикуваше Владата за Супер купот и автопатите

Вчера разрешениот директор на Службен весник Лука Кржаловски денеска ја критикуваше Владата за организацијата околу одржувањето на Супер купот на УЕФА на градскиот стадион и за промашените траси на двата автопата.

,,СДСМ додека беше во опозиција континуитано ја потценуваше интелегенцијата на граѓаните на Македонија. Сега продолжува со истото. Во случајот се работи за  наводното пропаѓање и мудар спас од владата на одржувањето на фудбалскиот Супер куп. Следна приказна ќе биде со двата автопати чија градба ја запреа за да покажат дека има огромен проблем кои тие треба да го решат. А всушност се работи за тековни проблеми при градба на секој автопат кои се решаваат во од. И нормално по некое време и за ова ќе излезат и ќе објават дека нашле решение, а преплашените медиуми ќе ги отворат вестите тој ден со ,,радосната вест,,.

Решението кое го понудила владата на СДСМ и не е решение. Тие донеле одлука, па го преиначиле во заклучок да се задолжи ПУИК да обезбеди средства од самата компанија. Доколку тоа беше возможно да се направи немаше да преставува проблем. Што значи дека ова е случај за правење на популизам и политика, а не реален проблем“-рече Кржаловски од ВМРО ДПМНЕ.