Раководството на РЕК Битола донесе одлука за казнување на 308 работници

На ден 30.03.2017г. на колегиумот на подружницата РЕК-Битола во присуство на ген.Дир. На АД ЕЛЕМ Скопје Христијан Мицковски, Директорот за производство на ел.енергија  Иван Куковски, Директорката на комерција Анета Стамнова, како и директорите на РЕК- Битола, донесена е одлука  сите вработени од РЕК Битола кои тужеле за неисплатениот К-15 ( регрес за годишен одмор) за год.2012,2013,2014,2015 и 2016г , вкупно 308  да бидат казнети, реагираше огранокот на СДСМ во Битола.

Целта на казната треба да биде заплашување на останатите вработени во подружницата РЕК Битола да не тужат за регресот за ГО, a воедно овој повод го користат да се пресметаат со работниците кои биле трн во око на некои од директорите во РЕК Битола, и дисциплинирање на Никола Радевски како член на СДСМ Битола и преседател на комисијата за енергетика-велат од СДСМ.

Радевски на прес конференцијата и во присуство и на други казнети работници рече дека сега ВМРО ДПМНЕ шири дезинформации дека кога ќе дојде промена на власта сите што биле вработени изминатите десет години во времето на оваа пертија ќе бидат избркани , што е лага, рече тој.