Ракометарите на Барселона му се одмаздија на Вардар

 

Македонскиот ракометен првак Вардар нема да се бори за титулата на неофицијалното светско првенство, Супер Глоуб турнирот во Катар, откако попладново, во полуфиналето, загуби од Барселона со 29-32 (12-15). Всушност ова беше одмазда на Каталонците за поразот од пред три месеци на турнирот од Лигата на шампионите во Келн.

Вардар одигра слабо прво полувреме, кога во еден период губеше со 11-4. Во средината на второто полувреме црвено-црните изедначија на 24-24, но не успееја да се спасат од пораз.

Вардар утре ќе игра за трето место.