Ракометарите на Вардар повторно на дуел со Барселона

 

По само околу три месеци откако ја освоија европската титула, ракометарите на Вардар повторно ќе се сретнат со ривалот од полуфиналниот меч во Келн, екипата на Барселона.

Во рамките на неофицијалното светско клупско првенство во ракомет, турнирот Суперглоуб во Катар, вардарци денеска победија со 30-22 во дуелот со тунискиот претставник Есперанце и закажаа полуфинален дуел со Каталонците.Полуфиналната пресметка со Барселона Вардар ќе ја игра утре со почеток во 18:00 часот.