Рамуш Харадинај прозборе српски обидувајќи се да ја добие поддршката од српските пратеници

На вонредната седница на косовскиот Парламент на која се избира нова Влада чиј Премиер ќе биде Рамуш Харадинај, тој, среде Приштина на српските пратеници им се обрати на нивниот јазик. Харадинај ја очекува нивната поддршка, откако претходно доби поддршка од партијата на Беџет Пацоли и коалицијата ПАН.

Српската листа на Косово по средбата со Марко Ѓуриќ, задолжен за Косово и Метохија во српската Влада, одлучи да влезе во коалиција со Харадинај и да ја поддржат неговата Влада.

Со ова треба да се стави крај на повеќе месечната криза во Косово и конечно да се формира Влада.