Ранети и повредени во инцидент во кафуле во Тетово

Ноќеска, дваесетина минути по полноќ дошло до општа тепачка во едно кафуле во Тетово. Очевидци на ФБ пренесуваат што се случило:

Liridon Disha
„Десетици ранети синоќа во Тетово, во ноќен клуб. Шокиран сум, без текст, немам зборови да ја изразам болката. Ваквиот начин на насилство се претвори во еден невообичаен „ lifestyle“. Секој втор човек носи оружје. Полицијата е нефункционална. Се поставува прашањето дали е виновен поединецот или општеството?! Тетово стананоло арена на битки, што поради маките и пореметувањата на нивната личност, одлучуваат да се реваншираат на општеството и на другите млади, кои се обидуваат добро да живеат и да му се радуваат на животот! Секој од нас треба да го осуди овој КУКАВИЧКИ ЧИН, НИЗОК, ПРИМИТИВЕН, а МОЖЕБИ И ОРГАНИЗИРАН што се случи во пресрет на „Тетовското културно лето“. Од една страна луѓе кои Организираат уметност и култура од друга страна БАНДИТИТИ, КРТЕНИ, ИДИОТИ кои со вакви акти сакаат да ја обезвреднат културата на еден цел град!“

“Dhjetëra të plagosur në Tetovë mbrëme në një lokal nate. Jam i shokuar, pa tekst, pa fjale që mund ta shpreh dhimbjen. Kjo mënyrë e dhunshme është kthyer në një ‘lifestyle’ te pazakonte. Çdo i dyti mban arme zjarri me vete. Policia është jofunksionale. Shtrohet pyetja, i ka fajet individi apo shoqëria?! Tetova është bere një vend beteje e atyre qe per shkak te halleve dhe çrregullimeve te personalitetit te tyre, vendosin ti revanshohen shoqërisë dhe të rinjve tjerë që mundohen te jetojnë mire e t’i gëzohen jetës! Çdo njeri prej nesh duhet ta akuzoje këtë akt QYQAR, TË ULËT, PRIMITIV e NDOSHTA TË ORGANIZUAR qe ndodh mu ne prag të „Verës kulturore në Tetovë”. Ne njërën ane ke njerëz qe organizojnë Art e Kulturë, ndërsa në anën tjetër ke BANDITE, FËLLIQËSIRA, PISA, që me akte të tilla tentojnë ta zbehin ngritjen kulturore të një qyteti të tërë!”

Од друга страна, МВР во своето официјално соопштение извести дека:

16.07.2017 година во 00.20 часот во Тетово, пред угостителски објект лоциран  на ул.„Дервиш Цара“, И.А (40) од село Мала Речица испукал два куршуми, и го  повредил М.А (35) од село Гајре, Тетово нанесувајќи му прострелна рана на левата потколеница.  Од страна на СВР-Тетово излезено е на лице место и  од разговор со очевидци на настанот дознаено е дека вечерта во објектот имало организирано жива музика, и околу 00,20 часот во објектот женско лице почнало да крши чаши при што од страна на обезбедувањето на објектот биле преземени активности да ја  отстранат надвор од објектот. Во тој момент И. А станал од масата започнал расправија со обезбедувањето и физички ги нападнал , при што обезбедувањето го  отстранило  надвор од објектот. Во тој момент И.А паднал на асфалтна површина, извадил пиштол се доближил до обезбедувањето и испукал еден куршум во воздух. Обезбедувањето се обиделе да го спречат во намерата но, тој испукал  уште еден куршум нанесувајќи му прострелна рана на левата потколеница на М.А. кој бил пренесен во Медицинскиот Центар во Тетово,  и по укажана лекарска помош е пуштен на домашно лекување. Од страна на полициски службеници на лице место се пронајдени две чаури од испукани куршуми, и од И.А  е одземен пиштол модел „57 ТТ црвена застава“ калибар  7.62мм . И.А  е приведен во СВР-Тетово и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.