Раскош,орнаменти,кристални лустери, камини во седиштето на ВМРО ДПМНЕ

На социјалните мрежи преку ФБ страницата Странски служби дистрибуирани се фотографии од внатрешноста на седиштето на ВМРО ДПМНЕ. На фотографиите се гледа раскошот, иако за вкусови, велат, не се дискутира, но сепак…

Како и да е, видлив е напорот ентериерот да се уреди во согласност со вкусот на раководството на партијата, орнаментни подови, столбови, кристални лустери, мебел во стилот на ЛУЈ 14-ти, камини, светларници, мермер….

 

oranmentiak(дел од подот во седиштето на ВМРО ДПМНЕ)

 

slssuss

 

sluzbi

sstraa

 

Инаку, и порталот АКО уште пред два месеца побара од Директорот на Центар за комуникации на ВМРО ДПМНЕ Иво Котевски да ни овозможи да направиме репортажа од внатрешност  на партијата заради енормниот интерес на јавноста, како и интервју со Никола Груевски, но досега немаме повратен одговор.

 

 

stranski Партијата ВМРО ДПМНЕ важи за една од најбогатите во Европа.

Центарот за истражувачко новинарство Скуп, објави истражувачка приказна во која се тврди дека  ДПМНЕ се стекнала со партиски имот  од 2006 година до денес, кој се проценува над 50 милиони евра.

Тогаш на прес коференција ЛДП праша:

-Дали е точно дека имотот на ДПМНЕ вреди 60 милони евра, што ја прави партијата најбогата на европскиот континент, дури побогата и од CDU партијата на Ангела Меркел, чиј партиски имот се проценува на 50 милони евра?

– Дали е точно дека ДПМНЕ поседува 33.000 метри квадратни во објекти, пасишта и земјоделско земјиште.

– Дали е точно дека новото партиско седиште на ДПМНЕ се проценува на 40 милони евра?

– Дали е точно дека во 2015 година во партијата ВМРО ДПМНЕ се пријавени само 2 лица како вработени? Дали останатите вработени се на платниот список на јавните претпријатија или државната администрација, а се дел од армијата вработени кои земаат плата, а седат дома или вршат само партиски задачи?

ЛДП побара и одговор за тоа „колку вредат сликите со позлатени рамки, некои од нив и по 30 квадратни метри, направени во соцреалистички стил, каде лидерот на партијата е претставен како национално богатство“.

– ВМРО ДПМНЕ должи одговор на овие прашања, посебно во овој период кога високи сегашни и поранешни функционери од редовите на оваа партија се под сомнение од СЈО за сторени тешки кривични дела. ЛДП смета дека дека не може партија која има огромен имот за кој не може да му го објасни потеклото да биде изземена од можноста за кривично гонење како правно лице, беше речено  на прес конференција неодамна.

Со оглед на тоа дека ВМРО ДПМНЕ никогаш не дала отчет за овие наводи, а нивното седиште е строго чувана тајна, треба да дадат одговор дали фотографиите се веродостојни, со колкав имот располагаат и колку точно чини уредувањето и изградбата на седиштето на партијата?

 

Портал АКО.МК -актуелно-објективно