Рашковски:Мојот став е Македонија 30-та членка на НАТО

,,Уште овој демант на крајот на првиот успешен работен ден.
Ораторската вечер е уметнички настан на кој се вреднуваат ораторските способности“-објаснува новиот генерален секретар на Валадата Драги Рашковски по критиките дека како студент имал контра-НАТО ставови затоа што на ораторска вечер имал говор со таква содржина.

,, Во моментот кога настапував и бев награден, ми се падна да зборувам против НАТО. Таква ми била среќата. На мојот колега му се падна да зборува афирмативно. На ораторската вечер имаше тогаш 3 категории:
1. Слободни говори во која учесниците може да зборуваат на која сакаат тема
2. Говори – про ет контра, на која учесниците по пат на жрепка треба да презентираат говор ЗА или ПРОТИВ однапред дадени теми
3. Веќе готови историски говори

Говорите ги пишувавме заедно со актери, кои особено на категоријата ЗА или ПРОТИВ сакаа да има дијаметрални ставови“-пишува Рашковски на својот ФБ профил.
,,Инаку мојот став за НАТО е :
Денеска, со некои решенија кои се донесоа во Генералниот секретаријат и на Влада, Македонија е поблиску до НАТО. Тоа многу ме радува.
И утре и во наредниот период мојата енергија е насочена кон желбата – Македонија 30та членка на НАТО“-коментира Рашковски.