НЛБ банка извести дека нивниот долгогодишеен член на Надзорниот одбор и еден од директорите во банката Љубе Рајевски, поднел оставка.

Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следниве измени во органите на управување:

На седницата на Надзорниот одбор на Банката одржана на 27.10.2017 година, нашиот долгогодишен член на Управниот одбор г-дин Љубе Рајевски, поднесе писмено барање за откажување на менаџерскиот договор исклучително од лични, а не професионални причини.

Г-дин Рајевски со полн ангажман и посветеност останува на фукцијата се до 31.12.2017 година, стои во известувањето на оваа банка на сајтот на Македонска берза .

НЛБ банка последните година дена е во центар на вниманието во јавноста по најголемиот грабеж во историјата на овие простори. Имено, трезористот во банката успеа со помагачи, да изнесе 3.000 000 евра и да ги префрли на сигурна локација. Тој ја призна вината , но не кажува каде се парите.

Рајевски е член на Надзорен одбор и втор директор во банката.