Реакција на Ламбе Арнаудов

Реакција од Ламбе Арнаудов по повод написот ,, Едно зборуваат, а друго прават,, на порталот ,,Актуелно,, објавен на 25 октомври 2016

(напоменуваме дека реакцијата е објавена во целост без никаква корекција, ниту поправки, дури и на печатните и граматички грешки)

 

,,Почитувана г-ѓа Емилија и Вие како и јас едно зборувате, а друго правите.Пишувате дека ќе отпочнете проект наречен ,, Да се потсетиме да не заборавиме,, тврдите дека ќе се занимавате само со судските досиеја на одредени личности и гледајте изненадување, сама на себеси си го доделувате ексклузивното право на избор за кого тоа ќе го правите. Сепак инпресиониран сум што овој проект го започнавте токму со мене, незнам заради атрактивноста што го носи моето име или сте предизвикани од политичкиот моментум што е создаден во Р.Македонија. Се што е напишано околу редоследот на настаните и конечниот епилог околу моето досие е точно, со само една забелешка.

Заборавате дека истовремено кога јас бев уапсен и упатен на издржување на казната,  во истражниот затвор во Шутка беше однесен тогашниот и сегашниот градоначалник на Струмица и актуелен претседател на СДСМ. Јас останав во затвор колку што останав, за тоа подолу ќе расправаме. Г- динот Заев експресно излезе од притвор за неколку дена, благодарение на аболицијата (милоста) на тогашниот претседател на државата. И овој случај како и мојот имаат конечна судска разрешница и се вбројуваат во категоријата судски досиеја. Ние тројцата за 20 милиони денари, а господинот за околу 500 милиони денари. Искрено, без никакво лицемерие се радувам на ваквиот исход и се надевам дека нема да има други досиеја ( завршен судски предмет) и за другите дела за кои е осомничен. За секого имам еднаков аршин, бидејќи постапувам по своето мото на животот, секогаш да бидам на страната на поединецот во расправијата со државата.

Пишувате и безобзирно лажете, цитирам : ,, Неполна година по престојот во Идризово, претседателот Горѓе Иванов го помилува и му ја намали казната за 10 месеци. Со деновите поминати во притвор и со помилувањето од претседателот, Ламбе Арнаудов одлежа помалку од 2 години затвор за дело за кое беше осуден на 4 години,, . Незнам дали злобата, гневот и омразата што ги чувствувате кон мене толку Ви го поматил разумот и да не се сеќавате, едно зборувавте тогаш како презентер на ценета телевизија, а сега друго правите, во духот на Вашиот наслов. За ова сигурно ќе Ви биде формирано досие, минорно во однос на размерите на горе наведените досиеја. Само колку да ја почуствувате атмосферата низ судските лавиринти.

Тврдите дека во неодамнешниот текст партиите од третиот блок сум ги квалификувал како стока со многу ниска ценовна вредност. Ако го погледнете внимателно текстот ќе забележете дека тоа се однесува за поединци кои зад грбот на партијата се обиделе да направат договор за лични интереси. Никогаш не сум навредил ниту една политичка партија, затоа што сум свесен дека со тоа ќе ги навредам чувствата и определбите на нивните членови и симпатизери, а мои роднини, пријатели и сограѓани.

Катастрофалниот пораз на СДСМ на Парламентарните Избори одржани во 2014 година, по Ваши анализи се случил заради коалицирањето на СДСМ со ВМРО-Народна партија, на кои сме имале заеднички листи, а сме имале тешки идеолошки разлики. Г-ѓа Емилија каде Ви е паметот? На избори со СДСМ отидовме на Локалните Избори во 2013 година, кога СДСМ го предводеше г-динот Бранко Црвенковски.

Многу непоштено е од Вас, во конотација на темата што ја третирате да ги спомнувате имињата на Претседателот на ВМРО-Народна партија г-динот Љубчо Георгиевски и на секретарот на партијата Балкоски. Кога сме тука, гледам дека имате сериозно обвинување кон г-динот Бранко Црвенковски зошто сме се договориле за коалиција, а го воздигнувате до небо Заев што успеал да не отфрли веднаш по доаѓањето на чело на партијата. Нека се запрашаат сега во партијата, како станавме толку значајни и интересни, за сега да немаме мир од нивното грубо мешање во нашето внатрепартиско работење.

На крајот, почитувана г-ѓа Емилија Лазаревска, најискрено Ви се обраќам дека сум воодушевен од Вашата професионална кариера на на сите гледачи и мене ни недостасува Вашиот лик, елоквентност, бриткост и течност при Вашата презентација и сите жалиме што Ве отсраниле, незнам од кои причини ама грешката е нивна. Затоа давам апсолутна подршка на овој проект и со задоволство ќе Ве следам во Вашиот избор и ќе ја анализирам Вашата неутралност или селективност. Нели, се во духот,  да се потсетиме за да не заборавиме.”