Редици за Ведрана Рудан на штандот на белградскиот Саем на книгата(видео)

Белградскиот саем на книгата е единствен од таков вид во овој дел од Европа, а можеби и пошироко. Еднонеделниот Саем на книгата привлекува стотици илјади публика и љубители на пишаниот збор, но и интересни и уникатни автори како што е хрватската блогерка и писателка Ведрана Рудан, која со својот стил и острина на перото, е читана пошироко од границите на нејзината земја.

Издавачот ,,Лагуна“ ја објави нејзината книга ,,Да даде Господ да те роди мајка“, а овој штанд беше еден од најпосетените годинава: