Рано утрината, пред да се отворат вратите на продавниците во трговскиот центар Сити Мол во Скопје, редици купувачи чекаа да влезат. Причината е едноставна, од денеска започнуваат големите новогодишни попусти. Празничната треска веќе трае со денови, но секако попустите што ги нудат некои брендови и до 70 насто, ќе го зголемат и интересот и притисокот деновиве во овој трговски центар.