Рекордно производство на нафта

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) соопшти дека членките на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) мораат брзо да ги исполнат ветувањата за смалување на производството ако сакаат цената на нафтата да продолжи да се зголемува.

Во своите редовни месечни извештаи, ИЕА навела дека производството во земјите на ОПЕК во септември достигнала рекордни 33,64 милиони барели дневно.

Ирак произвен повеќе нафта од кога било, а во Либија повторно се отворени нафтените пристаништа.

ИЕА соопшти и дека производството на нафта во Русија која не е членка на ОПЕК, исто така била рекордна, најповеќе во постсоветскиот период.

Додека производството на нафта расте, ИЕА наведува дека побарувачката опаѓа заедно до забавувањето на светската економија.

Според проценките на таа агенција, пазарот ќе остане презаситен до средината на 2017 година ако ОПЕК не го исполни договорот постигнат минатиот месец, дека ќе го намали производството на ниво меѓу 32,5 и 33 милиони барели на ден.