Репотерка на хрватската Нова ТВ брутално нападната, тепана со метла и турната во канал(видео)

Новинарката на хрватската телевизија НоваТв, Ема Браница, била брутално нападната и тепана за време на нејзина работна задача во местото Велики Пашијан во близина на Гарешница.

Имено, репортерката дошла во ова село да ја продолжи истражувачката приказна за емисијата Проверено, но разлутената мајка на ,,јунакот“ од приказната, почнала да ја тепа со метла и да ја турка и навредува.

Набргу пристигнал и нејзиниот син Ивица Сужњевиќ, наречен Шеки, кој брутално ја турнал со сета сила, по што Ема Браница паднала во блискиот канал.

Во нападот на репортерката и нејзиниот снимател се приклучиле и братот на измамникот за кого известувала Ема Браница и други членови на семејството.

Напаѓачот познат како Шеки, е обвинет за низа измами од своите соселани.

Против него е поднесена кривична пријава.

АКО.мк