Речиси сто процентно ,,ЗА” на референдумот во РС

Над 98 проценти од излезените граѓани гласаа ЗА  да се слави 9 јануари како Ден на државноста на Република Српска. Ова се првите неофицијални резултати врз основа на 30,76 насто преброени гласови. На гласање излегле меѓу 50 и 60 проценти од регистрираните гласачи. Се гласаше и во дијаспората каде што живеат граѓани од овој босански ентитет. На пример во Суботица од 292 пријавени гласачи сите гласале ЗА. Граѓаните на Република Српска  се изјаснуваа дали сакаат 9 јануари да се одбележува како Ден на државноста  . Право на глас имаат 1.219 399 граѓани, а се гласаше на 1900 избирачки места. Освен во РС, државјаните на овој ентитет во Босна и Херцеговина  гласаа и во Србија и во уште пет други земји каде што живеат и тоа во Русија, Белгија, Австрија, Германија и Швајцарија.

Одлуката да се распише ваков референдум предизвика големи тензии во Босна и Херцеговија, а долгогодишниот Претседател на РС, Милорад Додик, беше обвинет од несрпските членови на колективното претседателство дека сака да предизвика нови немири и дека најавува отцепување на РС од Б и Х.

Деветти јануари е многу важен за србите во РС бидејќи на тој ден во 1992 година на Пале,во  тогашното Собрание на српскиот народ во Б и Х беше прогласена Српска Република во Б и Х. подоцна истата година , на 12 август беше променето името во Република Српска .