Референдум за уставни промени во Италија

Италијаните  на референдум гласаат за или против измени на  Уставот , што може да ја втурне оваа земја во нова политичка криза, но и да и пружи шанса да ја подобри работата на Владата.

Премиерот Матео Ренци најави оставка доколку референдумот не успее. Предвидените реформи ќе значат значително намалување на овластувањата на Сенатот, Горниот дом и Парламентот, кои веќе не би се изјаснувале за доверба на Владата, уставните прашања и други реформи. Бројот на сенатори според предложеното од 315 ќе се намали на 100 и тие би биле именувани, а не бирани.

Исто така со реформите се предвидува ограничување на овластувањата на провинциите кои во Италија бројат дури 110.

Исходот на референдумот е неизвесен, бидејќи анкетите покажуваат голема неопределеност кај гласачите.

 

Ренци сака да ја врати улогата на Владата во одлучувањето и да ги намали можностите за изгласување недоверба, што е причина за честото менување на италијанските влади.