Рејчел Галовеј ќе биде новиот Амбасадор на Велика Британија во Македонија

Рејчел Галовеј е назначена за амбасадор на Нејзиното Височество во Република Македонија, објавено е на официјалната страница на Владата на Велика Британија. Таа ќе го замени актуелниот Амбасадор во нашата земја, Чарлс Гарет. Г-ѓа Галовеј ќе ја преземе должноста  во јули 2018 година.

Во нејзината биографија стои дека била претседател на Работна група за  Машрек Магреб во  Европска служба за надворешни работи, потоа, го раководела тимот на ВБ во постојаното претставништво во Брисел, во министерството за финансии била дел од тимот за борба против финансирање на тероризам и друго.

Мажена е за Томас Галовеј и има две деца.

Ms Rachel Galloway has been appointed Her Majesty’s Ambassador to the Republic of Macedonia in succession to Mr Charles Garrett. Ms Galloway will take up her appointment in July 2018