Рибери три седмици надвор од теренот

Фудбалерот на Баерн Минхен, Франк Рибери, ќе отсуствува од фудбалските терени околу дваесетина дена поради повреда, соопштија од германскиот шампион.

Французинот ќе ги пропушти средбите со ПСВ Ајндховен во среда во Лигата на шампионите и наптреварите од Бундес лигата со Ајнтрахт и со Борусија Менхенгладбах, додека неизвесен е неговиот настап за дуелот со Аугсбург, на 29 октомври.