Ристановски во црногорскиот филмски кандидат за Оскар

Долгометражниот игран филм ,,Игла под прагот” на авторот Иван Мариновиќ е црногорски кандидат за Оскар во категоријата Најдобар странски филм за 2016 година. Вака одлучи Комисијата која ја вршеше селекцијата, а одлуката е донесена со тајно гласање од членовите, како што налагаат правилата на Американската филмска академија. Главната улога му е доверена на Никола Ристановски како свештеникот Петар, кој одбива да ја продаде својата земја наследство од неговиот прадедо. Заради тоа доаѓа во судир со своите соседи, припадници на парохијата со која тој раководи.

Режисерот Мариновиќ, на кого ова му е дебитантски филм, вели дека не му било лесно да го сними својот прв филм со минимален буџет, но олеснителна околност било тоа што снимал во своето село каде го знаел секој камен, работел со пријатели и секој помагал како знае и умее. Публиката во Херцег Нови, каде филмот ја имаше својата премиера, глумците и режисерот ги наградија со долготраен аплауз.