Ристиќ: Се штити сопственикот на песот што навистина напаѓаше во Ново Лисиче

Ирена Ристиќ, позната глумица и граѓански активист, веќе неколку денови објавува информации дека кучето кое беше заловено и сместено во стационарот во Вардариште, всушност не е тоа што нападна и повреди неколку луѓе , неодамна во Ново Лисиче. Таа смета дека вистинскиот напаѓач и неговиот сопственик, се сосема други и дека има сведоци што може тоа да го потврдат:

,,Еве што се дозна!
МВР, на вас е се’ ова да проверите и да реагирате!

– Заловената женка на која и се закануваат со усмртување, не е напаѓачот – има сведоци
Кучката има една година и веќе некое време се споделува по фб во потрага по нов дом! И треба да си ептен неук, да не направиш разлика меѓу агресивен мажјак и женка која весело мавта со опашка, како и крајно несовесен да ја убиеш за да испереш раце пред народот као демек си завршил работа!

– Вистинскиот напаѓач е возрасен, прилично голем пес Ротвајлер, трениран за борби, во сопственост на локален мангуп од Аеродром, бивш полицаец, со прекар Кинез!!! Наводно, сите му се плашеле, имал врски и поддршка во МВР, борел кучиња за огромни суми… луѓето кои го посочиле, веќе добиле закани по живот!!! Практично, сега сите сме негови заложници!!

Во моментот на нападот, Ротвајлерот и’ се отпуштил од ланец на некоја девојка која го шетала…И за ова има сведоци!!! Моментално е скриен некаде, а наместо него и неговиот газда, испаштаме сите! Секое напуштање на домот е врвен стрес поради неизвесноста дали ќе се вратиме колку што сме искочиле!!!

– Отровот го знаете, знаете кај се продава, кој го продава и под кои услови. Одете им!!!

– На мрежите и на ТВ, со име и презиме ги имате сите кои повикуваа на масовно истребување…

– до моментов има над 50 отруени животни, ни криви, ни должни…

– дали ја чекаме првата човечка жртва?!

Фаќајте се за работа, ова искача од контрола!!!“-пишува Ристиќ.

Таа повикува надлежните да ги проверат овие сознанија и целосно да го истражат случајот.

Фото: Ирена Ристиќ