Ристовски: Во отсуство на институционална реакција ќе се самоорганизираме со народни стражи

,,Во отсуство на реакција од страна на државните институции ние како партија ќе се саморганизираме со народни стражи – гарант на демократијата и граѓанската волја. Тимови од ВМРО-ДПМНЕ се на терен и сите нарушувања и прекршувања на изборниот процес ќе ги документираат. Сите овие нерегуларности говорат дека СДС е во огромна нервоза, свесни дека не може да ја променат волјата на народот. Ова се чекори на очајни луѓе и луѓе во паника. Порачуваме сите нерегуларности, со сите нарушувања и прекршувања на изборниот процес сепак убедливо ќе бидат поразени и нема да успеат да ја променат и победат волјата на граѓаните. Граѓаните на 15-ти ќе ја испорачаат последната порака дека време е за новата ера. А за сето ова што го прават порано или подоцна ќе има одговорност и ниеден нема да биде поштеден, за сите нарушувања и прекршувања на изборниот законик.

Причината за претстојниот изборен пораз на СДСМ ќе биде погубната политика на Заев и неговите најблиски соработници, катастрофалниот пад на економијата, понижувањата на националните интереси, лагите, арогантниот однос, дволичните политики. Казната за сето ова допрва пристигнува“-изјави Спиро Ристовски, посочувајќи дека изборната кампања е проследена со низа нерегуларности на кои нема институционална реакција..