Розберг на чекор до титулата

Возачот на Мерцедес, Нико Розберг, победи во трката во Формула 1 шампионатот за Големата награда на Јапонија и го зголеми водството на 33 бодови пред клупскиот колега Луис Хамилтон.

Розберг ја оствари деветтата победа во сезонава, 23 во кариерата, а прва на патеката Сузука во Јапонија. Тој оствари резултат од еден час, 26 минути и 43 секунди.

После летната пауза, Розберг триумфираше на четири од досега извозени пет трки.

Второто место денес го освои Макс Верстапен од Ред Бул, а трет низ целта помина Хамилтон.

Возачите на Ферари, Себастијан Фетел и Кими Раиконен, беа на петтото односно шестото место, а седми беше Даниел Рикардо од Ред Бул.

Бодови освоија и Серхио Перес и Нико Хулкенберг од Форс Индија и возачите на Вилијамс, Фелипе Маса и Валтер Ботас.

Следната трка во шампионатот е на програмата на 23 октомври, а се вози за Големата награда на САД.