Рокот за поднесување даночни пријави продолжен до први односно седми февруари

По проблемите што се појавија со серверот на Управа за јавни приходи и неможноста да се поднесат навреме даночните пријави, УЈП информира дека рокот го продолжува до први февруари 2017 година. Во соопштението се вели:

„Согласно Законот за даночна постапка, во услови на масовно, а отежнато поднесување на даночни пријави и извештаи преку системот е-Даноци, се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека роковите за поднесување на ДДВ-04 пријавата и Годишните даночни извештаи се продолжуваат, и тоа:
за ДДВ-04 пријава, крајниот рок за поднесување 25.01.2017 се продолжува за 5 (работни дена), односно крајниот рок за поднесување на ДДВ-пријавите ќе се смета 01.02.2017 година.
За Годишните извештаи (обрасци ПДД-ГИ/ОЗП, ПДД-ГИ/ОЦО, ПДД/ГИ-ЗП, ПДД-ГИ), крајниот рок за поднесување 31.01.2017 се продолжува за 5 (работни дена), односно крајниот рок за поднесување на Годишните извештаи ќе се смета 07.02.2017 година“-, се вели во соопштението на УЈП.

Вчера книводители од сите краишта на Македонија реагираа дека заради проблеми со електронскиот систем за пријавување на данок, не можат навреме да ги поднесат обрасците.

АКО.мк