Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо и официјално е избран за најдобар фудбалер, во Европа за минатата сезона. Во трката за најдобар фудбалер тој ги победи своите двајца главни конкуренти, голманот на Јувентус,Џанлуиџи Буфон и големиот ривал од Барселона, Лео Меси.
Покрај наградата за најдобар фудбалер Роналдо беше прогласен и за најдобар напаѓач во Лигата на шампионите, додека Џанлуиџи Буфон е најдобар голман во Лигата на шампионите.
Претходно во просториите на УЕФА во Монако беше извршена ждрепката за групната фаза од Лигата на Шампионите.
Група А: Бенфика, Манчестер Јунајтед, Базел, ЦСКА Москва
Група Б: Баерн, ПСЖ, Андерлехт, Селтик
Група Ц: Челзи, Атлетико Мадрид, Рома, Карабах
Група Д: Јувентус, Барселона, Олимпијакос, Спортинг
Група Е: Спартак Москва, Севилја, Ливерпул, Марибор
Група Ф: Шахтар, Манчерстер Сити, Наполи, Фејенорд
Група Г: Монако, Порто, Бешикташ, Лајпциг
Група Н: Реал Мадрид, Борусија Дортмунд, Тотенхем Хотспур, АПОЕЛ
Првите натпревари ќе се играат на 12 и 13 септември, а последното шесто коло ќе се игра на 5 и 6 декември. Сите натпревари ќе почнуваат во 20 часот и 45 минути по локално време.
Титулата ја брани Реал Мадрид кој лани го победи Јувентус на стадионот „Милениум“ во Кардиф.