Роналдо е предаден од навивачите на Реал Мадрид

 

Кристијано Роналдо е предаден од навивачите на Реал Мадрид и затоа е обвинет за даночно затајување, изјавил обвинителот на шпанската држава во судскиот процес против фудбалерот на „кралевите“.

„Информациите за вашите финансии дојдоа од даночните инспектори кои се навивачи на Реал и се радуваат на вашите добри игри”, рече адвокатот, цитиран од Ел Мундо.

Познато е дека португалската ѕвезда на Реал Мадрид, е обвинет за даночно затајување во висина од 14,7 милиони евра и тоа во периодот од 2011 до 2014 година.