Румена Бужаровска наградена во Хрватска со книжевна награда ,,Едо Будиша“ за 2017 г.

Македонската писателка Румена Бужаровска ја доби годишната награда на Истарската Жупанија за книжевни достигнувања за 2017 година, ,,Едо Будиша“.

Жири во состав: Ванеса Бегиќ, Ивана Ујчиќ, Борис Короман и Невен Ушумовиќ, одлучи наградата да о ја доделат за збирката раскази ,,Мојот маж“.

Годишната книжевна награда на Истарската жупанија ,,Едо Будиша“ се доделува во чест на овој познат истарски книжевник(1958-1984), чии дела во литературата, и покрај прераната смрт, оставија силен впечаток и влијание на хрватската литерарна сцена.

Наградата се доделува на автор до 35 години, а во конкуренција влегуваат и млади автори од Средна и Јужна Европа.

Во образложението на жирито стои дека ова е уште една возбудлива збирка раскази на Бужаровска, по н ејзината ,,Осумка“. Со збирката ,,Мојот маж“, Бужаровска ги фасцинира читателите со неизвесноста, уште повеќе-со експлозивноста на заплетот.