Руни фатен како вози пијан, со швалерка во кола

Откако во четвртокот навечер Фудбалерот на Евертон, Вејн Руни беше уапсен од британската полиција, поради возење во пијана состојба, денеска англиски “Сан” ја објави изјавата  на извесна Лора Симпсон која вечерта била на истата маса со Руни, а потоа заминала со фудбалерот.

” Ми се восхитуваше на моите гради, прашуваше дали се вистински. Се бакнувавме и гушкавме, а потоа го напуштивме барот, Сакав да  повикам такси, но Вејн се понуди да ме однесе дома. Не делуваше дека е толку пијан, јас бев по пијана од него. Возеше нормално, но се појави полицијата и тој мораше да застане”, изјавила Симпсон.

Што е најинтересно, деновиве сопругата на Руни, Колин која е бремена, не е дома, туку е во Мајорка.