Русија го тестираше електромагнетниот топ

Русија направи тестирање на новото воено оружје-електромагнетен топ.Руските научници долго време работат на ова оружје кое се базира на електромагнетна сила, а не на експлозив или барут и кое може да испали ракета со брзина од три километри во секунда.

Руските научници објавија дека поминало успешно тестирањето на електромагнетниот топ кој е доволно силен и брз да ги пробие сите видови на оклопи.

Директорот на институтот во Москва Алексеј Шурпов соопшти дека овој успех е голем поттик да работат на развој на топ со поголема брзина  од 4,5 километри во секунда.