Русија е нов европски првак во одбојка

 

Репрезентацијата на Русија е нов европски првак во одбојка, откако во финалето во Краков ја победи Германија со 3-2 во сетови (25-19, 20-25, 25-22, 17-25, 15-13).

Во финалниот меч кој траеше  траеше 131 минута Русите на два пати водеа во сетови, но германските одбојкари се враќаа. Во петиот сет изедначено беше до 5-5, кога руските одбојкари се одлепија на два поени, предност која ја задржаа за конечна победа.

За Русија ова беше  14. титула европски првак.

Бронзениот медал и припадна на Србија, кои во пет сета, 3-2, ја совлада Белгија.