Руска амбасада: Изјавите на Заев ја уриваат довербата меѓу двете земји

Со зачуденост и загриженост истакнуваме дека во интервјуто на господин Зоран Заев за црногорското радио ,,Антена-М, од 5 ноември, во контекстот на минатогодишните настани во Црна Гора, шефот на македонската влада, повикувајќи се на некои „рапорти“ и „аналитичари“, намерно или не, ја претстави ситуацијата на тој начин дека Руската Федерација наводно била вмешана во обиди за „ликвидација“ и подготвувала такви акции против самиот господин Зоран Заев.

Категорично изјавуваме дека ваквите тврдења се неосновани и ги сметаме за недозволиви. Со жалење констатираме дека истите ја уриваат атмосферата на доверба меѓу нашите две земји, и нанесуваат штета на повеќегодишната заемно полезна соработка и се косат со декларираната од страна на Скопје подготвеност за градење конструктивна соработка со Русија, желба за развој на пријателските односи меѓу нашите две земји-се вели во денешната реакција на Руска амбасада во Скопје.