Жителите на рускиот град Орел, останале во чудо, кога покрај нив поминал автобус во пламен. Како што може да се види од видеото, возачот сосема спокојно го вози запалениот автобус низ центарот на градот и го паркира на безбедно место.

 

Раша Тудеј пренесува дека возачот идентификуван како Виктор, бил пофален од градската власт за присебната реакција и навремено дислоцирање на запалениот автобус, во кој немало патници.