Руски воз за српски икони и провокации

Лудоста на политичарите, посебно на оние на Балканот нема граници. Српскиот премиер Александар Вучиќ , чија капитулација пред административната граница со Косово неговите министри и соработници сега ја прикажуваат како многу мудар потег или храброст со која се спречило големо крвопролевање, сакал да ги превезува Србите  на релација Белград-Косовска Митровица и обратно со православен воз.

,,Иконовоз” e името кое веќе некои српски медиуми му го дадоа на рускиот воз специјално направен за оваа намена. Неверојатно, но возот е исцртан со икони и црковни пораки и молитви!

 

АКО.мк